НИ ТРЕВА НЕ РАСТЕ! Ова се 10 најотровни места на нашата планета НИ ТРЕВА НЕ РАСТЕ! Ова се 10 најотровни места на нашата планета
Кога во 2011 година нуклеарната централа во јапонскиот округ Фукушима, беше оштетена од силен земјотрес и цунами, свеста за опасноста од радијација повторно се... НИ ТРЕВА НЕ РАСТЕ! Ова се 10 најотровни места на нашата планета

Кога во 2011 година нуклеарната централа во јапонскиот округ Фукушима, беше оштетена од силен земјотрес и цунами, свеста за опасноста од радијација повторно се актуелизираше. Но и покрај тоа, многумина не се воопшто свесни колку е впрочем нашата планета загадена од радиоактивни матеијали.

Во продолжение погледнете кои места на Земјата имаат најголем процент на радиоактивност, а кои се објавени на порталот climateviewer.

10. Ханфорд, САД

Комплексот „Ханфорд“ во Вашингтон бил дел од проект за нуклеарни истражувања. Таму е направена првата нуклеарна бомба која е фрлена на јапонскиот град Нагасаки. По Втората светска војна во Ханфорд се произведувал радиоактивниот хемиски елемент, плутониум. Иако производството е веќе прекинато, тука се наоѓаат две третини од радиоактивниот отпад во селата земја, а за тоа сведочи и околината во која, не живее никој и ништо.

9. Средоземно море

Со години постојат наводи дека италијанската мафија со бродови криумчарела голема количина опасен отровен и радиоактивен отпад. Се верува дека околу 40 бродови со ваков отпад завршиле во водите на Средоземното море од 1994 година. Засега тој отпад не е пронајден, но ако наводите се вистинити, бурињата еден ден би можело да се распаднат и сиот отпад би се раширил низ морето.

 

8. Брегот на Сомалија

Источна Африка, заради лошата заштита од властите, со децении била идеално место за криење на нуклеарен и отровен отпад. Се наведува дека на бреговите на Сомалија веќе има фрлено повеќе од 600 буриња со отпад, меѓу кои и големи количества медицински смет. Многу организации за заштита на животната средина тврдат дека таму отпадот се фрла уште од 1990 година.

7. Мајак, Русија

Индустрискиот комплекс Мајак, во североисточниот дел на Русија, има нуклеарна електрана веќе со децении, а во 1957 година, бил место на една од најлошите нуклеарни несреќи во светот. Низ околината се рашириле повеќе од 100 тони радиоактивен отпад. Езерото Карахај, во непосредна близина, е толку загадено што ако човек испие една чаша вода од него, ќе умре во рок од еден час. Оваа несреќа е позната и под името – Кримска катастрофа.

6. Селафилд, Велика Британија

Лоциран на западниот брег на Англија, Селафид е замислен како место во кое ќе се произведува радиоактивен елемент плутониум. Од почетокот на основањето се случиле десетина несреќи од кои досега се имаат излеано повеќе од осум милиони литри загаден отпад.

 

5. Сибир, Русија

Мајак не е единствената област во Русија. Сибир е дом на хемиски објекти во кои повеќе од 40 години се складира отпад. Поради лошата заштита на тлото на Сибор досега се имаат излеано повеќе од 120 илјади тони отпад.

 

4. Полигонот Казахстан

Овој дел бил главна дестинација за нуклеарни тестови на Советскиот сојуз и покрај тоа што тука живееле околу 70 илјади луѓе. Во ова место се фрлени 456 атомски бомби, а тестовите се прекинати дури во 1991 година.

 

3. Маилу Су, Киргистан

Областа станала место за депонирање на радиоактивен ураниум, а денес таму има околу 40 дупки во кои се фрла ураниумски отпад.

 

 

2. Чернобил, Украина

Најлошата и една од најпознатите незгоди со нуклеарни централи се случила во Чернобил, кои и натаму е се уште контаминиран. На радијација биле изложени повеќе од шест милиони луѓе, а 93 илјади умреле од последиците. Радијацијата во регионот била 10 пати појака од онаа измерена во Хирошима и Нагасаки.

1. Фукушима, Јапонија

Цунамито и земјотресот во 2011 година ја погодија јапонската област Фукушима и ја предизвикаа најсериозната нуклеарна катастрофа после Чернобил.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.