Оваа сијалица свети цели 117 години! Оваа сијалица свети цели 117 години!
„Стогодишното светло“, свети без прекини уште од далечната 1901 година. Се наоѓа во противпожарната станица во градот Ливерморо, во северниот дел на американската сојузна... Оваа сијалица свети цели 117 години!

„Стогодишното светло“, свети без прекини уште од далечната 1901 година. Се наоѓа во противпожарната станица во градот Ливерморо, во северниот дел на американската сојузна држава, Калифорнија. За својата долговечност сијалицата веќе е запишана во Гинисовата книга на рекорди.

За да ја видат оваа чудесна сијалица, којашто со својата истрајност надминува најголем дел од современите откритија, во противпожарната станица доаѓаат посетители од целиот свет.

Дизајнер на ова безвременско ремек дело бил Адолф Шаиле, кој се натпреварувал со познатиот изумител на сијалицата, Томас Едисон, кој ќе направи поиздржлива сијалица.

Долговечноста на светилката се обиделе да го објаснат многумина научници. Повеќето од нив веруваат дека главна причина е постоењето на идеален „дихтунг“, кој не дозволува пропуштање на вакуумот од внатрешноста на сијалицата, што според нив, го штити влакното од распаѓање.

Сијалицата можете да ја видите во приложеното видео:

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.