Овие мравки никогаш не ги напуштаат своите ранети борци Овие мравки никогаш не ги напуштаат своите ранети борци
Идентично како и вистинските војници, еден вид мравки (Megaponera analis) од суб-сахарска Африка тргнуваат во борба образувајќи вистински воени формации и потоа своите ранети... Овие мравки никогаш не ги напуштаат своите ранети борци

Идентично како и вистинските војници, еден вид мравки (Megaponera analis) од суб-сахарска Африка тргнуваат во борба образувајќи вистински воени формации и потоа своите ранети „соборци“ ги носат во мравјалникот на закрепнување.

Додека раните да заздрават членовите на колонијата повредите им ги плакнат со плунка која што има заштитно дејство против бактерии.

Тоа секако дека не го прават од милосрдие, вели експертот за инсекти, Ерик Франк, објаснувајќи дека таквиот чекор се презема за доброто на цела колонија. Односно, кога повредените мравки ќе оздрават тие ќе станат повторно функционални и ќе можат да се борат за потребите на мравјалникот. Тоа е доказ дека овие мравки го ценат животот буквално на секој поединец на колонијата.

Станува збор за вид чии единки може да пораснат до два сантиметра, а специјализирани се за лов на термити. Во својот поход тие користат една мошне специфична тактика:

Најпрвин извидниците го напуштаат мравјалникот и заминуваат во потрага по гнездо на термити. Откако ќе го пронајдат се враќаат по војниците. Започнува борбата, а повредените испуштаат карактеристичен мирис (феромони) кои се знак дека им треба помош.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.