ПЕНИЦИЛИН; Откритие до кое е дојдено сосема случајно ПЕНИЦИЛИН; Откритие до кое е дојдено сосема случајно
Големите фармацевтски куќи постојано излегуваат со соопштенија за своите новооткриени лекови и антибиотици што делуваат на резистентните (отпорни) соеви бактерии. Многумина се восхитуваат на... ПЕНИЦИЛИН; Откритие до кое е дојдено сосема случајно

Големите фармацевтски куќи постојано излегуваат со соопштенија за своите новооткриени лекови и антибиотици што делуваат на резистентните (отпорни) соеви бактерии. Многумина се восхитуваат на современите фармацевтски достигнувања, но малку од нив знаат дека пионер на сите антибиотски лекови е пеницилиниот. Едно од најголемите откритија на сите времиња.

За негово пронаоѓање единствен заслужен е шкотскиот микробиолог, Александар Флеминг (1881 – 1955). За време на првата светска војна тој работел во болниците на западниот фронт, во Франција и воочил дека поголем број од ранетите војници умира од инфекција на раните отколку од сериозноста на самата повреда.

Големите пронајдоци на овој научник биле завиени во превезот на случајноста. Во ноември 1921 година, работејќи премрзнат од студ, кивнал во еден од лабораториските садови во кои се чувале бактерии. Под претпоставка дека во плунката има клетки за одбрана на организмот, тој следните денови почнал да го набљудува садот со бактериите. Воочил дека бактериската култура почнала да исчезнува. Експериментот го повторил уште неколку пати и секогаш добивал ист резултат. Утврдил дека во плунката има ензим кој ги уништува бактериите, го нарекот – лизизим. За жал, овој ензим делувал само на мал број микроорганизми, но не и на предизвикувачите на потешки болести.

По ова откритие, во септември 1928 година, Флеминг воочил дека еден од садовите, во кој имало колонии од бактеријата – Стафилокока (Staphylococcus aureus), e контаминиран со мувла. Бактериите, во зоната околу мувлите биле уништени. Под претпоставка дека пронашол уште еден ензим, Флеминг го повторил експериментот и со други бактерии, врз кои мувлата исто така предизвикала блокада на развојот и уништување на колониите.

Пеницилинот имал силно дејство, но Флеминг никогаш не успеал од него да ја одвои активната компонента. Двајца научници од Универзитетот во Оксфорд, Ховард Флори и Ернест Борис Чејн, продолжувајќи ја работата на Флеминг успеале да го издвојат лекот во својот чист облик. Дури и неколку пати појак од суровата супстанца на Флеминг. Лекот и експериментално го потврдиле во 1940 – тата година, а веќе во 1942 извеле потполно успешен тест на човек.

Следувало масовно производство на лекот. Најпрвин за воени, а потоа и за цивилни потреби. Нобеловата награда за медицина ја добиле сите тројца научници во 1945

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.