ПОЛИЦИЈА…! Има БОМБА во бавчата! ПОЛИЦИЈА…! Има БОМБА во бавчата!
Неодамна еден пензионер од германскиот град Карлсруе, во бавчата ископал нешто што потсеќало на граната. – Големо, црно и тешко…мора да е заостаната од... ПОЛИЦИЈА…! Има БОМБА во бавчата!

Неодамна еден пензионер од германскиот град Карлсруе, во бавчата ископал нешто што потсеќало на граната. – Големо, црно и тешко…мора да е заостаната од Втората светска војна, си помислил тој. За’рѓана и подготвена во секој момент да експлодира!

Се исплашил и повикал полиција. За кратко време специјалните единици го евакуирале целото соседство, а на теренот пристигнале и екипи за демонтажа на мини, пренесува британскиот весник „Индепендент“.

Неколку минути подоцна на радио станицата се слушнало гласно смеење. Минерот в рака ја држел „бомбата“. Голем модар патлиџан! И тоа без експлозивно полнење. За волја на вистината, плодот навистина личел на граната. Имал должина од неверојатни 40 сантиметри, а тежел безмалку пет килограми. Целата ситуација била збунувачка за сите бидејќи градинарот во својата бавча немал насадено модри патлиџани.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.