Последниот лет; АМЕЛИЈА ЕРХАРТ Последниот лет; АМЕЛИЈА ЕРХАРТ
Амелија Ерхарт, родена на 24 јули 1897 во американската сојузна држава, Канзас; секаква трага ѝ се губи на 2 јули 1937 година, додека со... Последниот лет; АМЕЛИЈА ЕРХАРТ

Амелија Ерхарт, родена на 24 јули 1897 во американската сојузна држава, Канзас; секаква трага ѝ се губи на 2 јули 1937 година, додека со својот авион го прелетувала Атлантикот.

Таа воедно била и првата жена која со авион го прелетала северниот Атлантик помеѓу 17 и 18 јуни 1928 година, заедно со пилотот Вилмер Штулц. Првпат полетала во 1919 година, а во 1932 година станала првата жена која го прелетала атлантскиот океан.

Во јули 1935 година летала сама од Хаваи кон Калифорнија, поминувајќи ја трасата од 3860 километри за 18 часа и 16 минути.

Ерхарт се смета за една од најважните пионери на авијацијата. Неколку месеци пред нејзиниот 40 роденден, тргнала во авантура на која никој до тогаш не се нафаќал – лет околу светот! Сакала да ја прелета земјината топка по должината на екваторот.

На располагање ѝ бил даден авионот тип “Lockheed Model 10 Electra”, што го обезбедил нејзиниот сопруг, Џорџ Палмер Путнам. Првиот обид, во март 1937 година е прекинат на Хаваите поради незгода при полетувањето, во која немало повредени.

Со својот навигатор, Фред Нолан, повторно се обидела на 21 мај истата година, полетувајќи од Мајами. После неколку слетувања во Бразил, западна Африка, Калкута и Рангун, со што поминала околу ¾ од својата цел, ја започнала последната етапа, прелет преку Тихиот океан. Полетала на 2 јули од Нова Гвинеја и поставила курс кон островот Ховланд, каде уште еднаш сакала да направи слетување заради краток одмор и дотур на гориво.

Меѓутоа, таму никогаш не стигнала. После неколку радио контакти со земјата, на авионот му се губи секава трага. Била започната најголемата акција за потрага во дотогашната историја. Во неа учествувале 64 авиони и 8 воени бродови, а биле опфатени повеќе од 400 илјади километри квадратни од водите на Тихиот океан. Авионот се барал под дрво и под камен сѐ до 19 јули, кога американската влада објавила дека ја прекинува акцијата.

Амелија Ерхарт била прогласена за „исчезната и веројатно мртва“. Една година подоцна, на островот Ховланд, во нејзина чест бил изграден светилник.

Нејзиното тело, телото на Фред Ноланд и остатоците од авионот, никогаш не се пронајдени.

No comments so far.

Be first to leave comment below.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.