РЕВОЛУЦИЈА ВО МЕДИЦИНАТА: 3Д печатачи ќе произведуваат органи за трансплантација РЕВОЛУЦИЈА ВО МЕДИЦИНАТА: 3Д печатачи ќе произведуваат органи за трансплантација
Руската компанија „3D Bioprinting solutions“, планира до 2030 година да направи биолошки пешатач кој би можел да отпечати човечки бубрек за трансплантација. Научниците имаат... РЕВОЛУЦИЈА ВО МЕДИЦИНАТА: 3Д печатачи ќе произведуваат органи за трансплантација

Руската компанија „3D Bioprinting solutions“, планира до 2030 година да направи биолошки пешатач кој би можел да отпечати човечки бубрек за трансплантација. Научниците имаат основа за вакви оптимистички прогнози. Пред две години со новата технологија беше отпечатена штитна жлезда која што успешно е пресадена кај глушец.

Био-печатењето е технологија за печатење ткива и органи. Постапката се спроведува така што најпрвин се изработува компјутерски модел од органот, а потоа од изворните клетки се добиваат групи од клеточни конгломерати. Тие се еден вид мастило за производство на нови органи. Отпечатениот модел потоа се става во биореактор каде што сфероидите се составуваат и се формира микроткивото.

Иако во 2009 година американската компанија „Органово“, претстави сличен штампач, новата руска технологија е мошне подобра бидејќи овозможува далеку поголема густина на печатење, па добиените органи имаат идеална сличност со природните.

Од компанијата нагласуваат дека нивниот производ ќе ѝ помогне и на фармацевтската индустрија бидејќи научниците уште во лабораторија ќе можат да утврдат дали и како новите лекови ќе делуваат врз одредени органски системи и ткива.

Згора на тоа, во постапка е и изработка на специјално пенкало-штампач, што ќе им биде од голема корист на хирурзите во санирање на поголеми повреди на органите, а ќе може да се користи и надвор од операционата сала.

Најмногу восхитува податокот дека во проектот се вклучени само 15 научници и 5 надворешни експерти.

No comments so far.

Be first to leave comment below.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.