Што е аерозагадување и кои се најголемите загадувачи? Што е аерозагадување и кои се најголемите загадувачи?
Денес, сѐ почесто во јавноста го сретнуваме терминот „аерозагадување”. Но, не само во јавноста, туку ние секојдневно сме изложени на неговото штетно влијание. Во најголем дел... Што е аерозагадување и кои се најголемите загадувачи?

Денес, сѐ почесто во јавноста го сретнуваме терминот „аерозагадување”. Но, не само во јавноста, туку ние секојдневно сме изложени на неговото штетно влијание. Во најголем дел од случаите тоа е антропоген процес, настанат како последица на човековите активности во животната средина, кои имаат негативен ефект врз атмосферата. Настанува во нејзинот најнизок слој (тропосфера), кој е во непосреден контакт со површината на Земјата.

Атмосферскиот воздух е смеса од гасови во чии состав влегуваат: постојани гасови (азот 78,08%, кислород 20,94% и јаглерод диоксид) и примеси или додатоци (вода, прашина, суспендирани цврсти честички, органски состојки и слично).

Основната, појдовна точка на аерозагадувањето е изворот на загадување. Без извор на загадување – нема загадување. Постојат различни извори на загадување, кои во зависност од начинот на настанување се поделени во две групи: природни и антропогени извори на загадување.

Природните извори на загадување настануваат независно од желбата на човекот, односно настануваат како последица на природните појави и процеси и можат да имаат космичко (космичка прашина) или земјино потекло (пустинска прашина, вулкански пепел итн).

Антропогеното загадување настанува како резултат на човековите активности во индустриските, густо населените и сообраќајно прометните области. Неговото влијание врз животната средина е многу штетно, а при неповолни метеоролошки услови може да резултира со катастрофални последици. Во извори на антропогени загадувачи се вбројуваат ложиштата на куќите, становите и работните простории, автомобилскиот сообраќај, индустријата, производството на термоенергија, спалување на отпад и слично.

Најчести загадувачи во воздухот се суспендираните честички, оксидите на јаглерод, лесно испарливите органски материи, оксидите на азот и сулфур.

Суспендираните честички, според видот се вбројуваат во групата на физички полутанти. Во својот состав содржат цврсти честички кои може да бидат во форма на прашина, водена пареа и чад. Карактеристично за нив е тоа што тие во воздухот можат да останат суспендирани подолг временски период. Најголем процент на емисија на овие честички произлегува од производните процеси (60%). Значајно учество имаат и производството на електрична и топлинска енергија (23%) и согорувачките капацитети во производствената индустрија (15%).

Овие честички во воздухот се категоризираат според нивната големина, при што разликуваме: PM10, PM2,5 и Големите честички со дијаметар околу 50 микрометри се класифицираат како вкупни суспендирани честици (TSP). PM10 се груби честици со големина од 10 микрометри, додека PM2,5 се најмали.

Во зависност од изворот на загадување, тие во себе може да содржат траги од олово, никел, железо, цинк, бакар и калциум карбонати (варовници). Овие честички се опасни по здравјето на човекот и лесно можат да бидат вдишени.

Смогот е посебен вид магла, многу густа и непроѕирна, составена од магла и чад (дим). Карактеристична е за индустриските региони и големите градски населби. Иднустриските магли значајно се разликуваат од градските. Тие во себе содржат одредени хемиски примеси (додатоци) кои се карактеристични за самата индустрија во даден регион.

Во градските населби смогот се формира од издувните гасови на автомобилите. Смогот ја намалува должината и интензитетот на сончевото зрачење, што придонесува кон размножување на голем број на опасни бактерии кои подоцна го напаѓаат човековиот организам.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.