Што е „Огнениот Прстен“ и каде се наоѓа? Што е „Огнениот Прстен“ и каде се наоѓа?
„Огнениот Прстен“ се протега по краевите на Тихиот Океан, во должина од околу 40.000 km, во вид на потковица. Оваа „линија“ името го добила... Што е „Огнениот Прстен“ и каде се наоѓа?

„Огнениот Прстен“ се протега по краевите на Тихиот Океан, во должина од околу 40.000 km, во вид на потковица. Оваа „линија“ името го добила поради големиот број на вулкани кои се наоѓаат тука. Всушност, дури 450 вулкани, односно, околу 75% од активните вулкани на Земјата се наоѓаат во овој регион. Само 3 од 25те најсилни вулкански ерупции кои се случиле во последните 11.700 години, не се случиле во „Огнениот Прстен“. Некои од најпрепознатливите вуклани во овој појас се:

  • Mount Saint Helens (Вашингтон, САД)
  • Mount Pinatubo (Филипините)
  • Mt. Fuji (Јапонија) и
  • Paricutin Volcano (Мексико)

Исто така, поради изразените тектонски движења, дури 90% од сите земјотреси, односно 81% од најсилните земјотреси, се случуваат токму во рамките на „Огнениот Прстен“. Втор најсеизмички активен регион е Алпскко-Хималајскиот појас, со 5-6% од вкупниот број на земјотреси.

Земјотреси со магнитуда поголема од 8.0 степени по Рихтер, во „Огнениот Прстен“

Некои од позначајните вулкани и земјотреси кои се случиле во рамките на „Огнениот Прстен“ се прикажани на сликата подолу.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.