Како утврдуваме што е овошје, а што зеленчук? Како утврдуваме што е овошје, а што зеленчук?
Плодовите на некои растенија, кои на пример, ги јадеме со солени оброци, впрочем се овошје. Тоа е случај со доматите. Но, како воопшто се... Како утврдуваме што е овошје, а што зеленчук?

Плодовите на некои растенија, кои на пример, ги јадеме со солени оброци, впрочем се овошје. Тоа е случај со доматите. Но, како воопшто се прави разлика што е овошје, а што зеленчук?

Многу одамна, во 1893 година ботаничарите и готвачите се нашле пред суд. Предметот бил заведен под име „Никс против Неден“, а се водел околу тоа дали доматот е овошје или зеленчук. Судот пресекол дека доматите треба да се класифицираат како овошје. Според многумина, за таквата одлука придонел фактот што при увозот овошјето се оданочувало мошне поскапо од зеленчукот.

Инаку, денес постои еден дијаграм со чија помош се определува дали некој плод спаѓа во зеленчуци или во овошја. Сепак, некои видови се наоѓаат на самата граница, па заради тоа може да се најдат и меѓу овошјата и меѓу зеленчуците, во зависност од тоа дали сте готвач или градинар.

Но, според кои карактеристики доматите се овошје, а според кои зеленчук? Ако доматот се гледа од перспектива на ботаниката, тогаш е овошје, затоа што во овошја спаѓаат сите плодови кои што плодот го развиваат од цвет, додека зеленчуци се сите подразбираат останатите делови на растението: коренот (компир, цвекло, морков…), листовите (спанаќ, магдонос, блитва…), стеблото (целер, брокула,…).

Меѓутоа, готвачите имаа свои критериуми за поделба на намирниците, каде претежно солените плодови се зеленчук, а се останато е овошје. Па така, доматите, исто како и пиперката и модриот патлиџан, во кујната се – зеленчук.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.