Што покажуваат налепниците на овошјето и зеленчукот? Што покажуваат налепниците на овошјето и зеленчукот?
Често пати се случува на овошјето или на зеленчукот на пазарите или во трговските центри да забележиме налепници со разни заштитни знаци и декларации.... Што покажуваат налепниците на овошјето и зеленчукот?

Често пати се случува на овошјето или на зеленчукот на пазарите или во трговските центри да забележиме налепници со разни заштитни знаци и декларации. Додека едните ги означуваат брендовите на компаниите коишто ги произведуваат, другите се исклучително важни за проценка на квалитетот на производот.

Имено, ако на плодовите или на пакувањето има етикета со четири бројки, од кои првата е 3 (три) или 4 (четири), тоа значи дека производот е одгледан со помош на вештачки ѓубрива. Начин одобрен во земјоделството уште пред 50 години.

Доколку пак, забележите увозен производ со пет бројки, од кои првата е 9 (девет), тоа значи дека станува збор за органско производство. Односно дека тоа овошје или зеленчук нема пестициди и е одгледано без вештачки ѓубрива.

Дали пред вас има генетски модифициран производ ќе препознаете ако на декларацијата има пет бројки од кои првата е 8 (осум). Значи, ако видите банани, портокали или мандарини на кои пишува 84011, значи дека станува збор за генетски модифициран производ.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.