Сторија за МЕСЕЧИНАТА Сторија за МЕСЕЧИНАТА
Месечината со својата појава ги инспирирал луѓето уште од најстарите времиња. Во минатото кај нив предизвикувал стравопочит и често пати бил основа на многу... Сторија за МЕСЕЧИНАТА

Месечината со својата појава ги инспирирал луѓето уште од најстарите времиња. Во минатото кај нив предизвикувал стравопочит и често пати бил основа на многу митови и легенди.

Денес е сосема поинаку, бидејќи современата наука што ги проучува небото и небесните тела (астрономија) има голем број податоци и сознанија за овој наш единствен природен сателит.

После Сонцето, Месечината е најсветла појава на небото и воедно наше најблиско небесно тело. Од Земјата е одалечена околу 380 илјади километри.

За да направи еден круг околу нашата планета, на Месечината и е потребно помалку од еден месец. Тоа ни објаснува и една мошне интересна појава – привидното менување на обликот на Месечината. Понекогаш е невидлива, некогаш има облик на срп, а некогаш е како голема светла топка.

Таквите облици се создаваат поради различната осветленост на неговата површина од сончевите зраци додека се врти околу Земјата.

Постојат неколку теории за создавањето на Месечината. Првата од нив вели дека Земјата и Месечината најпрвин биле едно тело, но се раздвоиле пред околу 4,6 милијарди години. Според друга теорија овие две небесни тела истовремено се формирале од густ материјал насобран во нашиот сончев систем. Третата теорија пак, тврди дека Месечината се формирала во друг систем, но заради големата привлечна сила (гравитација) на Земјата, била привлечена во нашиот сончев систем. Научниците тврдат дека најточна е теоријата со која се објаснува дека новоформмираната планета Земја се судрила со астероид (големо небесно тело), со дијаметар од околу 6.700 километри, при што се одвоило едно големо парче растопен материјал што постепено почнало да се стврднува. Токму од него се формирала Месечината.

Прв човек којшто ја видел Месечината со телескоп бил италијанскиот астроном, Галилео Галилеј (1564 – 1642). До денес на овој природен сателит на нашата планета нема откриени траги од живот, што е сосема разбирливо бидејќи преку денот, температурата на површината на Месечината се искачува до 130 степени, додека преку ноќта се спушта до –180 степени целзиусови.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.