ВИТЕЗИ; Јунаци од Средниот век ВИТЕЗИ; Јунаци од Средниот век
Витештвото е културолошка појава карактеристична за Средниот век. Во тоа време, теоретски, секој имал право и можност да стане витез, но праксата покажувала нешто... ВИТЕЗИ; Јунаци од Средниот век

Витештвото е културолошка појава карактеристична за Средниот век. Во тоа време, теоретски, секој имал право и можност да стане витез, но праксата покажувала нешто друго.

Во почетокот витезите се барале помеѓу најдобрите војници, а статусот – витез можело да се добие дури кога кандидатот ќе поминел одредено образование. Тоа образование бил всушност тренингот низ кој идниот витез требало да ги совлада сите потребни вештини, како што биле јавање, борба со меч, со стап и со копје. Покрај тоа, кандидатот морал да биде добар во ловот и да се однесува според правилата во тогашниот феудален свет.

Обичните луѓе ретко можеле да станат витези бидејќи витешката опрема била премногу скапа. Таа подразбирала: коњ, меч, копје, штит, шлем, оклоп и украсен оклоп за коњот.

Процесот да се стане витез почнувал уште од најраното детство. До седмата година таткото грижата за своите синови им ја препуштал на жените од фамилијата. Потоа, децата почнувале да ги следат татковците додека тие ги извршувале поголемиот дел од своите активности, освен одењето во битка. Додека ги следеле своите татковци децата почнувале да учат да јаваат, да држат меч и да се оспособуваат во ловот. Првиот дел од тоа практично образование траел цели пет години.

Дванаесеттата година носела нови предизвици. Тоа било време кога таткото барал заштитник за својот син, односно некој богат соселанец кој ќе го школува и ќе се грижи за него. Често пати луѓето кои што ќе ги примеле учениците во својот двор биле далеку од родното место на кандидатите, па младите првпат се соочувале со одвоен начин на живот.

Обуката често била мошне груба и траела со години. Дури кога добро ќе го испечел занаетот, старателот му поклонувал на ученикот коњ, но тој се уште немал право да се бори против друг витез. После повеќегодишно присуство на бојното поле, заедно со старателот и полни 21 година, тој се здобивал со право да биде прогласен за витез. Главните задачи на секој од нив биле одбрана на црквата и помош на послабите. Мечот можел да го користи само ако некој се обиде да ги загрози тие две нешта.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.