По налог на ВИТЕЗИТЕ; Зошто Британците возат по левата лента? По налог на ВИТЕЗИТЕ; Зошто Британците возат по левата лента?
Кога во Средниот век витезите јавале по друмовите, луѓето кои што им доаѓале во пресрет се тргале на својата лева страна, бидејќи полната опрема... По налог на ВИТЕЗИТЕ; Зошто Британците возат по левата лента?

Кога во Средниот век витезите јавале по друмовите, луѓето кои што им доаѓале во пресрет се тргале на својата лева страна, бидејќи полната опрема на витезот била на левата страна на коњот. Па така, од десната страна на јавачот имало повеќе простор за разминување. Од друга страна и на витезите им било позгодно да јаваат на левата страна од патот, бидејќи кога им бил мечот во десната рака, можеле полесно да се борат ако потенцијалниот непријател наидувал од нивната десна отколку од левата страна.

Во Америка и Франција, првите возачи на запреги почнале да возат на десната страна од патот бидејќи седеле на левиот последен коњ, па така имале подобра прегледност при разминување со запрега која што им доаѓала од спротивниот правец. Ако возеле на левата страна, прегледноста при разминувањето би им била помала.

Кога во 18 век САД стекнале независност од Велика Британија, овој обичај се преточил во закон. Со оглед на тоа дека во САД почнале да се прават најголем број автомобили, било логично во сите земји кои што ќе купеле возила да се вози на десната страна, заради фабричката поставеност на воланот.

Британија не е единствената држава во која што се вози по левата страна. Околу 35 проценти од светската популација има исти правила како Британците. Станува збор претежно за земји кои се поранешни британски колонии.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.