БОНТОН: Однесување во кино, театар и на концерт БОНТОН: Однесување во кино, театар и на концерт
Кога посетуваш театарска претстава или концерт, исто како и во кино, дојди на време за да не пречиш на другите кога ќе минуваш низ... БОНТОН: Однесување во кино, театар и на концерт

Кога посетуваш театарска претстава или концерт, исто како и во кино, дојди на време за да не пречиш на другите кога ќе минуваш низ редовите.

Пред почеток на претставата или на филмот, исклучи го мобилниот телефон! Додека трае филмот/претставата/концертот, немој да удираш со нозете во седиштето пред тебе и никако не ги ставај нозете на столчето.

Сосема е нормално со пријателот да го искоментираш она што се случува на филмското платно. Направи го тоа тивко, без да им пречиш на другите околу тебе.

Ако нешто јадеш или пиеш за време на претставата, немој гласно да џвакаш или да шмркаш од пијалокот. Потсетуваме дека пуканките и чипсот се за јадење, а не за фрлање или растурање на сите страни. Отако ќе заврши филмот немој зад себе да оставаш неред, туку, ако нешто ти паднало, наведни се и собери го. Отпадоците фрли ги на соодветното место.

Ако се случи филмот да не ти се допаѓа, не им пречи на другите, туку излези си надвор.

За разлика од киното, во театар или на елегантните концерти не се јаде ниту се пие. Не е препорачливо ниту да се коментира. Впечатоците може да ги споделите за време на паузата меѓу чиновите или по завршување на претставата.

Ако мораш да излезеш до тоалет, направи го тоа кога ќе заврши некој возбудлив момент, а не среде главната акција. Извинувајќи се помини колку што можеш потивко.

Кога излегуваш, исто како и кога ќе се враќаш на своето место, заврти се со лицето кон оние кои се поместуваат за да ти направат место да поминеш. Непристојно е да им го завртиш грбот.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.