


Секогаш кога некаде доаѓаш или влегуваш, прв поздрави ги останатите. Направи го тоа јасно и гласно.
Истото треба да го сториш и кога си заминуваш или излегуваш од некое место. Ако притоа вратата била затворена, затвори ја и ти.
Секогаш поздрави ги повозрасните.
Ако си момче, прв поздрави ги девојчињата. Ако си девојче не чекај предолго за поздрав. Поздрави ги ти момчињата и покажи им на сремежливците како се прави тоа!
Кога се обраќаш некому гледај го во очи и зборувај разбирливо.
При запознавање, ако седиш стани и приближи се на личноста со која се запознаваш. Насмевни се гледајќи ја во очите, пружи ја раката и разбирливо кажи го твоето име.
Ако се случи со друштво да сретнеш некој пријател кого другите не го познаваат, веднаш претстави го на останатите.