15/05/2021

(ВИДЕО) Најстуденото место на светот, училиштето затвора само ако е постудено од – 50!

Дали е тоа Јелоунајф во Канада, каде смрзнувачките ветрови редовно ја држат температурата под -30 Целзиусови степени? Или е Уланбатор во Моголија, каде почвата мора прво да биде одмрзната пред да се изврши погреб? Или пак, е тоа Јакутск во Русија, каде само на неколку вида авиони им е дозволено да слетуваат? На сите овие места студенилото е точка на гордост, каде смрзнувачките температури не само што се толерираат, туку и се слават. Но, кој е навистина најстудениот град на Земјата? Информатичката служба на Светската метереолошка организација е местото од каде изминативе 30-години се следат климатските состојби во целиот свет. Иако е најстуден град во Северна Америка, Јелоунајф сепак не е најстудениот град на светот. Најстудената постојано населена човечка населба се смета дека е Ојмјакон во Русија, место со 500 луѓе кои се борат за егзистенција на температури кои паѓаат и до -67 Ц степени. Таму училиштата ги затвораат вратите само ако температурата падне под -52 степени. Погледнете во видеото како е да се живее во Ојмјакон:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.