Дали знаете чиј е ликот претставен со оваа маска? Дали знаете чиј е ликот претставен со оваа маска?
Денес скоро е незамислив каков било политички протест, а таму да не се појави онаа карактеристична бела маска, којашто стана заштитен симбол на современите... Дали знаете чиј е ликот претставен со оваа маска?

Денес скоро е незамислив каков било политички протест, а таму да не се појави онаа карактеристична бела маска, којашто стана заштитен симбол на современите бунтови. Истата таа маска е заштитен симбол на хакерската група „Анонимуси“; децентрализирана мрежа на активисти што се залагаат за слобода на интернетот и укинување на цензурата.

Токму таа маска го претставува лицето на Гај Фокс, член на група католички екстремисти кои ја планирале познатата „Барутна завера“ во 1605 година, којашто имала за цел симнување на протестантската власт во Англија и наметнување католичка.

Кој бил Гај Фокс?

Историчарите го опишуваат како висок и мошне силен човек, со густа костенлива коса, мустаќи и брада, способен за мошне интелигентни аргументи. Бил роден на 13 април 1570 година во Јоркшир, Велика Британија. До својата 21 година го продал имотот што му го оставил татко му и заминал во Европа да се бори за католичка Шпанија против протестантската Холандска република. Неговата воена кариера одела мошне добро, па за кратко време бил препорачан за капетан.

Во 1603 година отпатувал за Шпанија и од кралот Филип III, побарал да му биде дозволено да биде поддршка во планирањето бунт во Англија против владетелот Џејмс I. Неговиот предлог бил одбиен. Сепак, нешто подоцна, за време на неговиот престој во Фландрија, Белгија, се запознал со Томас Винтур и му понудил да стане дел од групата која што подоцна ја презела одговорноста за „Барутната завера“.

Учесниците во „Барутната завера“

 

Неуспехот на „Барутната завера“

Фокс го подготвувал планот цели 18 месеци. Имал задача да направи експлозив и да го активира во парламентот, веднаш под местото каде што ќе седел Кралот. Планот не успеал бидејќи бил откриен и уапсен неколку часа пред да го запали фитилот. Бил изложен на неколкудневно измачување додека не го признал делото.

Веднаш потоа бил осуден на традиционалната предавничка смртна казна: бесење и распарчување на телото на четири дела. За да го избегне ужасот што го чекал, Фокс, со јажето околу вретот скокнал од бесилката и си го скршил вратот. Неговото тело било исечено на четири дела и секој од нив бил испратен на различни страни од кралството, како предупредување и закана до останатите кои би се осмелиле на сличен чекор.

Како лицето на Фокс станува симбол на современите бунтови?

Гај Фокс стана познат за целиот свет дури по издавањето на популарниот графички роман, односно филм „В за Вендета“ (2006) во кој главниот лик се облекува како Фокс и се бори против замислена зла власт во Англија. Набрзо потоа, маската со лицето на Фокс се појави и на разни интернет портали и форуми и стана препознатлив симбол на он-лајн активистите и хакерската група „Анонимуси“.

Така, од 2008 година, лицето на Фокс можеше да се види на неколку протести, а веќе од 2011, по протестите Occupy Wall Street, стана меѓународен симбол на современите бунтови и демонстрации.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.