


Почвата лежи на површината на земјината кора.
Таа е значајна за растењето на растенијата и обезбедува засолниште за некои видови животни и инсекти.

Градина (засолниште за некои инсекти)
Тлото под нашите нозе е дел од кората на Земјата – слој од цврста карпа која е дебела од 6 до 70 километри. Под кората на земјата се наоѓа слој топли карпи, наречени обвивка на Земјиното јадро и слој од течни карпи. Во средината се наоѓа една топка од железо и никел, кое се нарекува внатрешно јадро.
Кората на земјата е тенка под океаните, а дебела под планините. Внатрешното јадро е многу топло, со температура од 5000 степени Целзиусови.