Истражување: Кучињата навистина можат да намирисаат болни од Ковид-19 Истражување: Кучињата навистина можат да намирисаат болни од Ковид-19
Со вистинска обука и мотивација, најпаметните кучиња можат да откријат до 40 различни видови бомби, да душкаат ситни траги од лекови, да извршуваат пребарување... Истражување: Кучињата навистина можат да намирисаат болни од Ковид-19

Со вистинска обука и мотивација, најпаметните кучиња можат да откријат до 40 различни видови бомби, да душкаат ситни траги од лекови, да извршуваат пребарување и спасување и да намирисаат рак на дебелото црево. Но, најновите истражувања покажуваат дека тие можат да го намирисаат и коронавирусот – SАRS-CoV-2 во нашата пот!

Група истражувачи од Франција и Либан успешно обучи шест кучиња трагачи за да го почувствуваат мирисот на пациенти кои биле болни од новиот коронавирус.

За помалку од еден ден, многу од овие професионални кучиња веќе го имале запаметено мирисот. За неколку недели, кучињата биле  обучени да препознаат кои примероци од пот доаѓаат од пациенти со КОВИД-19, а кои не.

Истражувањето е ограничено, а резултатите се прелиминарни, но насобраните докази сугерираат дека обучени кучиња можат да бидат брз, сигурен и ефтин начин за сомнеж, но секако не и за тест за COVID-19, објави „Сајенс алерт“.

Сè уште не е потполно јасно што точно мирисаат кучињата во овие ситуации, но истражувачите претпоставуваат дека откако SАRS-CоV-2 ќе се најде во човечките клетки, веројатно разложува одредени молекули од нашата пот, здив, урина, солзи, плунка и измет, генерирајќи  испарливи органски соединенија (VOCs).

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.