Легенда за Кинеската нова година и за црвената боја Легенда за Кинеската нова година и за црвената боја
Од лампионите до ковертите и фенерчињата, црвената боја е сеприсутна во кинеското општество, посебно за време на одбележувањето на Кинеската нова година. Во продолжение... Легенда за Кинеската нова година и за црвената боја

Од лампионите до ковертите и фенерчињата, црвената боја е сеприсутна во кинеското општество, посебно за време на одбележувањето на Кинеската нова година. Во продолжение дознајте зошто токму оваа боја е толку омилена меѓу Кинезите и запознајте се со создавањето на нејзината употреба за време на празниците.

Легендата вели дека сè почнало со Ниан, крволочна ѕверка која го тероризирала локалното население секоја Нова година. Таа им ги јадела посевите и добитокот, а понекогаш дури и децата. Селаните со тек на времето научиле дека овој полу-бик, со глава на лав најмногу се плаши од три работи: оган, бука и црвена боја. Откако Ниан бил конечно совладан, црвената станала боја за која се верувало дека носи среќа за сите луѓе, а традицијата за нејзината употреба продолжила до денес.

Црвените лампиони најчесто се закачуваат пред влезните врати за да ја одвратат лошата среќа“, вели Карен Кец, авторка на книгата „Мојата прва Кинеска нова година“.

„Црвените украси од хартија се поставуваат на ѕидовите на домот кај секој што го слави овој празник. Сигурно се достапни и во вашата локална кинеска продавница. Техниката за нивна изработка не е многу различна од онаа за изработка на хартиени снегулки, но постојат и дизајни што се посложени за изработка“, додава Кец.

Наместо традиционалните подароци, Кинезите за овој празник делат црвени коверти со пари. Се верува дека тие ги протеруваат лошите духови. Уште една легенда го објаснува потеклото на оваа традиција. Имено, постои еден мит дека за време на династијата Сунг, едно сираче победило во борбата со огромен демон кој ги малтретирал жителите на селото Шен-Шију. Како награда за овој подвиг селските старешини на детето му дале црвен коверт полн со пари.

Потсетуваме, Кинеската нова година во 2019 година ќе се слави од 5 до 19 февруари. Влегувањето во годината на свињата ќе биде одбележан со семејни вечери, улични фестивали и секако, голем огномет.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.