05/08/2021

Може да спаси живот! Дали знаете зошто некои пенкала имаат отвор на капачето?

Обично науката е поврзана со големите мисли и идеи што го оптиваруваат разумот. Како на пример онаа  дека нашиот Универзум можеби е огромен холограм или дека ние всушност откривме гравитациони бранови од судири на неутронски ѕвезди. Или дека можеби всушност немаме толку слободна волја како што мислиме … Тоа се навистина возбудливи концепти. Но, има и други нешта со кои секојдневно се среќаваме. Толку едноставни, а сепак неверојатни. Еден таков случај е отворот на врвот на капачето на пенкалата на францускиот производител – „BIC“. Веројатно никогаш не сте размислувале многу, или ако сте го направиле тоа, сигурно сте го избришале како некоја случајна карактеристика на дизајнот што го регулира притисокот на воздухот или запира да се исуши мастилото. И, да, отворот овозможува правилно да го затворите капачето без проблем со притисокот на воздухот. Но, таа служи и за друга едноставна, но генијална цел – намалување на ризикот од смртност од гушење. Истражувањата покажале дека многумина, деца и возрасни, сакаат да ги ставаат во уста или да ги џвакаат капачињата од пенкало, а тоа може да доведе до нивно случајно проголтување и заглавување во душникот, со потенцијални фатални последици. Оставајќи поголем отвор на горниот дел од капачето, компанијата за пенкала „BIC“ го зголемува протокот на воздух и можноста луѓето сепак да можат да дишат дури и ако тоа се случи – карактеристика на дизајнот што, буквално, спасува животи. „Причината што некои пенкала имаат отвор на капачето е да се спречи тоа целосно да ги попречува дишните патишта ако случајно се вдише“, пишува компанијата на својата веб-страница. „Ова го бараат меѓународните безбедносни стандарди ISO11540, освен во случаи кога капачето се смета за премногу големо за да претставува опасност од гушење“, додаваат од таму. Околу 100 луѓе умираат во САД годишно од гушење поради блокирање на дишните патишта со капаче од пенкало, објави „Индипендент“ во 2016 година. Другите производители на пенкала го следеле примерот и направиле слични отвори на горниот дел од капачињата за пенкала.
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.