Неколку интересни ФАКТИ ЗА МАЧКИТЕ Неколку интересни ФАКТИ ЗА МАЧКИТЕ
Многу од нас, а особено оние кои ги имаат како домашни миленици, мислат дека знаат сè за мачките. Зошто прават одредени движења, која храна најмногу... Неколку интересни ФАКТИ ЗА МАЧКИТЕ

Многу од нас, а особено оние кои ги имаат како домашни миленици, мислат дека знаат сè за мачките. Зошто прават одредени движења, која храна најмногу ја сакаат, дали се дружељубиви или не… се само дел од прашањата што секој сопственик на мачка веднаш ќе знае да ви ги одговори.

Сепак, постојат неколку интересни факти кои веруваме дека не ги знаете:

1. Мачките повеќе ги слушаат наредбите на жените, отколку на мажите, бидејќи жените имаат многу попискав тон на глас за разлика од мажите.

2. Видот на мачките е навистина развиен, но дали сте знаеле дека тие можат да гледаат во темница 6 пати подобро од луѓето?

3. Бојата на крзното го открива нивниот карактер, па така шарените мачки се многу независни и се приврзуваат само кон една личност. Жолто-портокаловите мачки пак, од друга страна се многу подружељубиви.

4. Мачките започнале да живеат во домовите на луѓето како домашни миленици многу подоцна од кучињата.

5. Според истражувањата спроведени врз пронајдени коски од мачки во селото Кванукун во Кина, се верува дека чувањето на мачките како домашни миленици датира од пред 5.300 години.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.