ОСТРОВ каде што сите носат ГАС-МАСКИ ОСТРОВ каде што сите носат ГАС-МАСКИ
Сторијата почнува во 2000 – та година, на островот Мијакеџима. Јапонски остров кадешто зборот „катастрофа“ е буквално секојдневие. Тој е дел од вулканскиот архипелаг... ОСТРОВ каде што сите носат ГАС-МАСКИ

Сторијата почнува во 2000 – та година, на островот Мијакеџима. Јапонски остров кадешто зборот

„катастрофа“ е буквално секојдневие. Тој е дел од вулканскиот архипелаг Изу, сместен во Ѓаволското море и секојдневно изложен на земјотреси и вулкански ерупции. Само во минатиот век таму се случиле шест ерупции, а најсериозната во 2000 – тата година. Во периодот помеѓу 26 јуни и 21 јули, подрачјето било погодено од 17.500 потреси! На 14 јули вулканот Ојама ерупирал дури двапати. Вториот пат исфрлајќи дим во височина од еден километар и создавајќи силни експлозии. Набрзо се слушнале сирените и почнала евакуација на населението.

Катастрофата довела до ослободување на високи концентрации отровен сулфур-диоксид кој мошне брзо се ширел во околината. Три месеци подоцна, се утврдило дека 20% од земјиштето е потполно необработливо заради презаситеност со отровни материи. Властите организирале присилна евакуација од островот.

Две години по ерупцијата, вулканот Ојама продолжил да ослободува огромни количиства сулфур-диоксид дневно, претворајќи го островот во пост-апокалиптички свет со мртви стебла, ’рѓосани автомобили и напуштени градби.

Во 2005 – та година, на луѓето им било дозволено да се вратат во своите домови. Дел од нив одлучиле да останат во своите нови куќи во јапонската престолнина, Токио, но околу 3.000 жители се вратиле. Сите биле опремени со гас – маски за да може да ги преживеат отровните гасови што и натаму излегуваат од земјата.

Набрзо се изродил нов вид туризам – престој на остров кадешто сите носат гас-маски. Маските за еднократна употреба се продаваат на траектните станици и низ локалните продавници за сите туристи кои се доволно храбри да се прошетаат низ островот.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.