Со бамјата (lat. Hibiscus esculentus) се подготвуваат многу познати и помалку познати јадења. Во литературата е запишано дека кралицата Клеопатра, прочуена според убавината и привлечноста, на своето мени редовно имала и бамја, но мора да се напомене дека во персиската религија, Бамја била божица на победата.
Африка е прататковината на ова растение, а на Балканот стасала од Арапскиот полуостров, преку Турција. Самото име доаѓа, од арапскиот збор – „bamyah.
Бамјата е истворемено храна и лек. Нејзините благотворни ефекти се навистина бројни, а еве ги најинтересните:
-влакната што се наоѓат во неа помагаат за стабилизација на нивото на шеќерот во крвта;
-слузот на бамјата го врзува холестеролот и ја помага работата на црниот дроб;
-во нешто поголеми количества бамјата може да има лаксативен ефект, па помага кај опстипација;
-благотворно дејствува врз кожата намалувајќи ги црвенилото и воспалителните процеси, па и помага на кожата да ја задржи мазноста и затегнатоста;
-има ниска енергетска вредност што ја прави згодна за редукциски диети;
При купување на бамја треба да се обрне внимание на тоа таа да не биде подолга од 3 см, оти колку е пократка, толку е подобра.

More Stories
Истражување: Пронајдени подводни бактерии целосно невидливи за нашиот имунолошки систем
За првпат научно објаснето мистериозното „квантно сетило“ за ориентација на птиците
Истражување, младенчињата на Мегалодонот меѓусебе се јаделе уште во телото на мајката!