РОГОВИ од елен, ПОЛЖАВИ и ГЛИНА…Каква била првата паста за заби? РОГОВИ од елен, ПОЛЖАВИ и ГЛИНА…Каква била првата паста за заби?
Знаете ли за што служи мешавината – пепел од воловски копита, запалени лушпи од јајце и иситнети вулкански камења? Ако наведените состојки ги измешате... РОГОВИ од елен, ПОЛЖАВИ и ГЛИНА…Каква била првата паста за заби?

Знаете ли за што служи мешавината – пепел од воловски копита, запалени лушпи од јајце и иситнети вулкански камења? Ако наведените состојки ги измешате и ги претворите во прав, ќе ја добиете пастата за заби што пред 4.000 години ја користеле старите Египќани. Со оглед на тоа што тогаш не постоеле четки за заби, се претпоставува дека оваа смеса ја ставале на прст и така ги миеле забите. Бррррррррррр…..

Можеби повеќе ќе ви се допадне рецептот за паста кој се состои од изгорени рогови од елен, здробени куќички од полжав и изгорени парчиња од школки? Тоа е рецептот на старите Персијци, кои покрај основните состојки, во пастата често пати додавале и оловна прашина, мед и прав од кремен (вид тврд камен).

Во историјатот за пастите за заби е забележано дека правта за чистење заби првпат се појавилa кон крајот на 18 век во Англија, а се чувалa во керамички садови. Богатите ja ставале на четка, а посиромашните на прстите. Тој прав, кој што го развивале тогашните лекари и фармацевти, бил мошне опасен за забите бидејќи бил составен од мелени цигли, керамика и глина.

Еден од првите предци на денешната четкичка за заби било стапче замотано во, нема да ви се верува – суви листови! Но, бидејќи таквите „четки“ ги воспалувале непцата и правеле поголема штета отколку корист, биле набрзо заменети со четки слични на денешните.

Интересно е да се напомене дека во пастите за заби, се до Втората светска војна, како задолжително средство се ставало сапун, но кога се открила неговата штетност, го замениле со флуор.

Забите мора редовно да се четкаат за да ги заштитиме од кариес. Тој почнува како бела флека на површината на забот којашто подоцна темнее и на забот се појавува дупче што почнува да бооолиииии!!!

За да не ни се случи тоа најважно е забите да се мијат два пати во денот, наутро и навечер, а секои три месеци четкичките треба да се заменат со нови.

Дали сте сигурни дека знаете правилно да ги миете забите? Погледнете ги следните правила и дознајте дали четкичката за заби ја користите на правилен начин.

– пастата се става на сува четка

– прво се четкаат горните, а потоа долните заби.

– движењата на четката треба да бидaт кружни, насочени од непцето кон врвот на забите

– не смее да се заборави да се четка и внатрешната страна на забите

– четкањето треба да трае најмалку три минути!

На крај, немојте да заборавате барем два пати годишно да посетите стоматолог, заради контрола и навремена интервенција.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.