Селото на Попај Морнарот, познато уште и како Свитхевен, е забавен парк на Малта, уреден според легендарниот цртан филм. Селото првобитно не било наменето да служи за оваа цел, туку било изградено за потребите за снимање на филмот – Попај (1980).
На локацијата се изградени повеќе од 20 дрвени конструкции, а кога било завршено снимањето, филмските екипи едноставно си заминале, оставајќи го целиот свет зад себе. Забележувајќи го тоа, креативците од локалното население се досетиле и дополнително го уредиле местото, претворајќи го во вистински забавен парк.
Па, така денес селото е претворено во вистински магнет за домашните и странски туристи коишто сакаат да уживаат во амбиентот на нивниот омилен јунак од детството.






More Stories
(ВИДЕО) Антички Рим вратен во живот! Неверојатна виртуелна реконструкција на „Вечниот град“ од времето на императорите
Дали ги знаете загрозените животни?
Човекот кој ги измисли Copy и Paste