


Една шума во близина на местото Шатилион, во Белгија, речиси 70 години била дом на стари напуштени автомобили од 40-тите години на минатиот век. Местото е веќе исчистено, но пред властите да ја започнат акцијата, фотографот Тео ван Вилет ја посетил и направил неколку интересни фотографии од оваа автомобилска гробница.
Приказната за создавањето на ваквиот шумски „декор“, се уште не е расветлена до крај. Но, тоа не значи дека не постојат разни приказни околу создавањето на ова место. Една верзија е дека тоа биле возила на американски војници што учествувале во Втората светска војна. По нејзиното завршување, војската морала да се качи на брод и да замине, а на бродовите немало место за автомобилите. Така тие ѝ биле предадени на шумата.
Од друга страна пак, локалното население ги отфрла таквите муабети, со тврдење дека станува збор за едноставна депонија, којашто конечно била исчистена.