Што се тоа ПУСТИНИ? Што се тоа ПУСТИНИ?
Пустини се делови од нашата планета кадешто има мошне мала појава на дождови и речиси во нив и да нема услови за живот. Дури... Што се тоа ПУСТИНИ?

Пустини се делови од нашата планета кадешто има мошне мала појава на дождови и речиси во нив и да нема услови за живот. Дури една третина од Земјата е прекриена со пустини.

Меѓу најпознатите пустини се: Гоби во Азија, Калахари во Африка, Патагонија во Јужна Америка, Големата Викториина пустина во Австралија….Најголема пустина на светот е Сахара, на северот на Африка, а најсушна е Атакама, во Јужна Америка.

Иако „пустина“ значи напуштено место и во пустините има живи организми кои се прилагодиле на животните услови. Од растенијата таму најчесто се среќаваат кактусите, а од животинските видови присутни се разни видови влекачи (гуштери и змии), но има и цицачи (којоти, камили…)

Земајќи ги предвид екстремните услови, пустините секако не се поднебја во кои може да живеат луѓе.

Иако под пустина најчесто се мисли на места исполнети со песок, само дел од пустините се песокливи. Некои делови на Јужниот и Северниот Пол, се сметаат за поларни пустини исполнети со снег и мраз.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.