АТЛАНТИДА; Сказна за потонатиот континент АТЛАНТИДА; Сказна за потонатиот континент
Атлантида…, голем митски остров за првпат споменат од старогрчкиот филозоф, Платон во своите дијалози „Тимај“ и „Ктирон“, напишани околу 360 година п.н.е. Според него,... АТЛАНТИДА; Сказна за потонатиот континент

Атлантида…, голем митски остров за првпат споменат од старогрчкиот филозоф, Платон во своите дијалози „Тимај“ и „Ктирон“, напишани околу 360 година п.н.е.

Според него, Атлантида била поморска сила која се протегала од другата страна на Херкуловите столбови (Гибралтар) и која покорила многу делови од западна Европа и од Африка, околу 9600 години п.н.е.

По неуспешниот обид да ја заземе Атина, Атлантида, погодена од огромна природна катастрофа, потонала во океанот за еден ден и една ноќ, пишува Платон.

Според него, Атлантида била со големина како половина Азија, а главна стопанска дејност на населението било земјоделството и сточарството. Добро ја познавале технологијата на металите, па редовно копале руда и истата успешно ја топеле. Меѓу рудите најчесто се споменува металот орихалк, што го имало насекаде низ островот.

Во средина на островот имало два извора, едниот со топла, а другиот со студена вода. Околу нив жителите имале изградено базени за капење. Постоеле повеќе градови и три пристаништа.

Со земјата управувал Атлант, со помош на 10 цареви. Се состанувале на секои шест години и донесувале закони и пресуди. Населението уживало во среќа и богатство сѐ додека нивните цареви не решиле да завојуваат со остатокот од светот. Во екот на страшните битки се случил катастрофален земјотрес и Атлантида потонала во морето.

Постојат многу легенди за исчезнувањето на оваа цивилизација. Според една, Атлантиѓаните се уништиле самите додека тестирале уред што генерирал огромни количества енергија. Додека според друга, нив ги казниле боговите бидејќи се свртеле против своите довчерашни пријатели и оти со нив почнала да владее лакомоста за слава и за богатство.

Денес повеќе научници тврдат дека во длабочините на Атлантикот пронашле остатоци од древна цивилизација кои, како што велат, најверојатно се докази за постоењето на легендарната Атлантида.

No comments so far.

Be first to leave comment below.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.