ДА СЕ НАЕЖИШ..! Вака звучел крволочниот “T – Rex” ДА СЕ НАЕЖИШ..! Вака звучел крволочниот “T – Rex”
Често прикажуван како еден од најопасните крволочни диносауруси, T-рекс е екранизиран безброј пати, а покрај застрашувачкиот изглед, крвта во вените ја заледуваше и неговиот... ДА СЕ НАЕЖИШ..! Вака звучел крволочниот “T – Rex”

Често прикажуван како еден од најопасните крволочни диносауруси, T-рекс е екранизиран безброј пати, а покрај застрашувачкиот изглед, крвта во вените ја заледуваше и неговиот крик. Меѓутоа, палеонтолозите сега веруваат дека ова животно ни приближно не звучело како што досега се претпоставувало.

Поаѓајќи од фактот дека ова е еден од најпознатите предатори што некогаш живеел на нашата планета, дизајнерите на звук, за филмовите во кои се појавува и овој диносаурус, му направиле класичен рик на грабливец. Меѓутоа, експертите посочуваат дека Тураносаурус рекс (T-rex) и неговите сродници не се во сродство со денешните грабливи цицачи, како што се лавовите, мечките и волците. Како што е познато, диносаурусите биле во блиско сродство со влекачите и со птиците.

Со ова сознание, Јулија Кларк, професорка од Универзитетот во Тексас, одлучила да создаде звук приближен на оној што би можело да го испушта Т-рекс. По истражувањата, Јулија заклучила дека овој диносаурус би можел да звучи како алигатор, но со тоа што вибрациите на тонот биле прилагодени на неговата големина.

Се верува дека неговиот рик се слушал на километри. Сепак, станува збор за претпоставка, бидејќи никој со сигурност не може да тврди како звучел овој застрашувачки предатор.

Во следното видео може да го слушнете неговиот звук:

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.