Група научници од Австралија кои се занмавале со истражување на животот на неандерталците, со анализа на забните наслаги од примероци пронајдени на територијата на Белгија и Шпанија, дошле до мошне интересен заклучок. По се изгледа, во тоа време се користел аспирин!
Во скаменетите остатоци храна, задржана на забите биле регистрирани траги од салицилна киселина, активна состојка во аспиринот. И не само тоа. Анализите докажале и присуство на антибиотската мувла – пеницилин!
Се претпостаува дека трагите од салицил потекнуваат од некои растенија (врба) кои во себе природно го содржат овој алкалоид.
Сево ова упатува дека неандерталецот знаел доста за лековитите билки и за многу противвоспалителни лекови.
ДОКАЖАНО; Првобитниот човек користел пеницилин и аспирин!

More Stories
Истражување: Пронајдени подводни бактерии целосно невидливи за нашиот имунолошки систем
(ВИДЕО) Најопасниот остров на светот! Посетите се строго ограничени, а без водич може да ви преостане само 1 час живот
По 40 години китовите се вратија во северните мориња