ЕЛ ДОРАДО; Легендата за „Златниот град“ ЕЛ ДОРАДО; Легендата за „Златниот град“
Елдорадо е легенда што потекнува од јужноамериканските Индијанци. Според усното предание Елдорадо е предел со огромно богатство во злато. Како таков бил главна цел... ЕЛ ДОРАДО; Легендата за „Златниот град“

Елдорадо е легенда што потекнува од јужноамериканските Индијанци. Според усното предание Елдорадо е предел со огромно богатство во злато. Како таков бил главна цел на шпанските конквистадори (освојувачи) во 15 и 16 век.

Сѐ започнало кога Шпанците во 1532 година го освоиле царството на Инките во Перу и откриле неверојатни количества злато и многубројни непроценливи уметнички предмети. Го зазеле градот Куско и одвај им поверувале на своите очи гледајќи го пленот што им паднал в раце.

Конквистадорот, Гонзало Хименез де Кесада, наишол на Индијанци од племето Мусико. Таму ја слушнал приказната за градот што лежи на злато и набрзо ја раширил низ Шпанија.

Фасцинирани од легендата, ловците на богатство, Франциско Орелана и Гонзало Пизаро, во 1541 година ја започнале славната експедиција во долината на реката Амазон.

Иако Шпанците никогаш не го нашле Елдорадо, сепак однесле огромно богастство од индијанското население. Потрагата по златниот град ја продолжил британскиот благородник, сер Волтер Роли, во 1595 година, а во својата книга го сместил Елдорадо некаде во просторот покрај реката Ориноко.

Претходно, во јуни 1535 година и Георг Хермут, германскиот гувернер на Венецуела, решил да го пронајде Елдорадо, откако од домородците слушнал дека „каде има сол таму има и злато“.

Предводејќи ја експедицијата што броела 400 луѓе, барал цели три години соочувајќи се со најстрашни услови. На тоа патешествие настрадале 300 од неговите луѓе.

Најшироко прифатена приказна е онаа според која Елдорадо, што на шпански значи „златен“, всушност, е личност – најверојатно главатарот на народот Мусики, што живеел на крајниот север на Анди, во областите каде што денес се наоѓа Богота, главниот град на Колумбија.

Од блиското минато, само еден обид за да се пронајде Ел Дорадо се случил во 2000 година, кога Манастирот на Санто Доминго барал подземни тунели градени од Инките. Ништо конкретно не било пронајдено, но интересно е тоа што еден радар пронашол влез за огромен тунел под Манастирот.

Патниците што денес ја посетуваат земјата на Инките велат дека некои Индијанци потекнуваат од племињата кои своевремено учествувале во златните церемонии и дека сѐ уште ги чуваат тајните ритуали од очите на љубопитните дојденци. Тие одат на скриено место што е високо во планините и ги одржуваат своите прастари церемонии со врачовите што играат пред нив носејќи златни маски, исто како што правеле нивните предци. Духот на Елдорадо и натаму живее – како и тајната за неговото богатство.

No comments so far.

Be first to leave comment below.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.