(ФОТО) Деветте најстари места на светот (ФОТО) Деветте најстари места на светот
Тимот на Национална географија неодамна објави материјал во кој се наведуваат 9 – те најстари места на Земјината топка на кои некогаш постоеле човечки... (ФОТО) Деветте најстари места на светот

Тимот на Национална географија неодамна објави материјал во кој се наведуваат 9 – те најстари места на Земјината топка на кои некогаш постоеле човечки населби. Некои од нив се веќе разурнати заради атмосферските влијанија, но најубавите меѓу нив, за жал, ги има уништено човекот и тоа во 21 век.

1. Алепо (Сирија)

Се проценува дека овој древен град, крстосница на многу цивилизации датира од пред повеќе од 8.000 години. Некогаш бисер на Блискиот исток, тврдината над денешен Алепо е делумно уништена со војната во Сирија.

2. Полуостровот Бурупу (Австралија)

Познат е и под името Мурујуга, а се наоѓа на северозападот на Австралија и е дом на најстарите и најзагрозените петроглифи. Некои од огромниот број цртежи се стари повеќе од 40 илјади години.

3. Ербил (Курдистан, Ирак)

Едно од најстарите постојано населени места на Земјата што надвиснува над денешен Ербил, главниот град на Јужен Курдистан . Покажува знаци на окупација која што датира од V век п.н.е. Во 2014 година под своја заштита го зеде УНЕСКО.

4. Гобекли Тепе (Турција)

Изградено во почетокот на десетиот милениум пред Христос ова место изгледа како повторно создавање на Рајот со стелите (камени или дрвени плочи) на кои се врежани слики од егзотични растенија и животни. Сега во пустината се наоѓа џиновски комплекс на храмот во кој се пронајдени и древни човечки фигури.

5. Пештерата Ел Кастиљо (Шпанија)

Најстарите цртежи откриени досега се наоѓаат во пештерата Ел Кастиљо, во Кантабрија на истокот на Шпанија. Се оценува дека цртежите се стари повеќе од 40 илјади години, а многу од сликите се отисоци од дланки, направени така што нивните креатори дувале боја од устата.

6. Пештерата Ласко (Франција)

Повеќе од 2.000 слики на коњи, крави, мачки и птици, како и нивните ловци, дури и денес изгледаат живописно како кога биле направени, пред повеќе од 17.000 години. Откриена е 1940 година на францускиот југозапад, но денес е затворена за посетители. Уметничките дела може да се видат во нејзината реплика.

7. Пештерата Поток (Словенија)

Кромањонците нашле засолниште во овој пештерски комплекс во централна Европа, користејќи ги тунелите со вкупна должина од околу 7.000 метери. Внатре имало простории за одржување на ритуалите и станица за ловците. Местото било во употреба пред повеќе од 36 илјади години.

8. Ерихон (Израел)

Ѕидовите на Ерихон се разурнале, но нивните остатоци станале главна туристичка атракција во овој град на западниот брег, кој е основан можеби пред 11 илјади години и спаѓа меѓу најстарите археолошки наоѓалишта на светот. Блиската жичарница ги пренесува посетителите на запад, на Ридот на искушението, каде што, според Бибилјата, ѓаволот го искушувал Исус Христос за време на неговиот 40 дневен пост.

9. Храмовите Џганти (Индија)

Околу 3.600 година п.н.е, дверните храмови на Џантија се изградени на островот Гоцо, на Малта и спаѓаат во најстарите неолитски структури на светот. Се смета дека се посветени на Геа, Големата мајка Земја, а според легендата, нејзе ја изградиле џинови.

No comments so far.

Be first to leave comment below.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.