Го укралe МОЗОКОТ на АЈНШТАЈН Го укралe МОЗОКОТ на АЈНШТАЈН
Додека се пренесувале вестите за смртта на големиот научник, Алберт Ајнштајн, се случило нешто вознемирувачко во болницата. Мозокот на еден од најголемите светски интелекти,... Го укралe МОЗОКОТ на АЈНШТАЈН

Додека се пренесувале вестите за смртта на големиот научник, Алберт Ајнштајн, се случило нешто вознемирувачко во болницата. Мозокот на еден од најголемите светски интелекти, бил украден, а тоа е само почеток на приказната.

Најголемиот научник на светот, во својата генерација, на 17 април во 1955 година бил примен во болницата Принстон поради болки во градите. Рано наутро идниот ден, Ајнштајн починал од анеуризма на стомачната аорта.

Др. Томас Стулц Харви, бил дежурен патолог тоа утро и добил задача да го преземе телото на Ајнштајн. Седум часа по смртта на големиот научник, Харви започнал аутопсија за која тврдел дека добил дозвола.

Откако ја утврдил смртта, тој го извадил мозокот на Ајштајн.

– Знаев дека имаме дозвола за аутопсија, па претпоставив дека ќе го проучиме неговиот мозок, подоцна тврдел тој.

До денес, ниту еден документ ниту налог за аутопсија не е најден.

По анализата, доктор Харви мозокот го ставил во формалдехид. Потоа ги извадил очите на научникот и му ги предал на офталмологот на Ајнштајн, др. Хенри Адамс.

И денес постојат гласини дека очите се наоѓаат во еден сеф во Њујорк.

Отстранувањето на мозокот и очите било спротивно на последната желба на Ајнштајн, кој сакал да биде кремиран со мозокот во својата глава и пепелта да биде истурена.

Харви немал ни законско ни медицинско право да го задржи мозокот. Негова одговорност била само да ги утврди причините за смртта.

На 19 април, по отстранувањето на мозокот, Харви ретроактивно побарал дозвола за обдукција од синот на Ајнштајн, Ханс Алберт Ајнштајн. Тој му дал дозвола со ветување од страна на Харви дека мозокот на татко му ќе се користи за внимателно научно истражување и оти откритијата ќе бидат објавени во легитимни медицински списанија.

Кога се проширила приказната дека Харви го поседува мозокот, од целиот свет почнале да пристигнуваат барања од луѓе кои сакале да го видат и проучат. Контроверзата околу сопственоста над мозокот на Ајнштајн станала циркуз, а потоа се претворила во нешто уште побизарно.

Др. Харви мозокот го чувал во тегла, во својот дом. Набрзо бил отпуштен од болницата и отишол на Универзитетот во Пенсилванија, каде со помош на техничари го исекол на илјада листови и 240 коцки. Остатокот од мозокот го задржил во две стаклени тегли со формалин.

Бракот на Харви се распаднал и набрзо ги спакувал куферите да замине од Принстон и да се упати на Средниот запад. Секако, со себе го земал и мозокот.

Во 1985 година речиси 30 години по смртта на Ајнштајн, некој конечно објавил истражување за мозокот на Ајнштајн откако го примил исечокот од Харви, тоа била Мериен Дајмонд од УКЛА. Нејзиното истражување било далеку од заклучено, но укажувало на тоа дека мозокот на Ајнштајн има повеќе глијални клетки за секој нерв отколку нормален мозок. Тоа би можело да значи дека клетките имале поголема метаболичка потреба, што значи дека користеле повеќе енергија, што повторно може да значи подобри вештини на концептуализација и размислување.

Сепак, тоа не било крај на патувањето на мозокот.

Томас Харви починал во 2007 година, но пред да умре, го донирал мозокот на болницата Принстон, истото тоа место каде мозокот го почнал своето патување кое траело 50 години.

Денес музејот Мутер во Филаделфија е единствено место на светот каде можат да се видат делови од мозокот на Ајнштајн, со рачно напишани забелешки на Томас Харви.

No comments so far.

Be first to leave comment below.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.