Ја знаете ли приказната за сладоледот? Ја знаете ли приказната за сладоледот?
Иако дури и римскиот император Нерон во жешките летни денови се засладувал со мешавина од мраз и овошни сокови, првиот вистински рецепт за сладолед... Ја знаете ли приказната за сладоледот?

Иако дури и римскиот император Нерон во жешките летни денови се засладувал со мешавина од мраз и овошни сокови, првиот вистински рецепт за сладолед во Европа, дошол од Кина, околу 1295 година. Се верува дека од своите патувања, го донел Марко Поло, светски трговец и патеписец.

Се тврди дека за време на својот престој во Кина, Поло на улиците на Пекинг се сретнал со трговци кои во количка продавале слатки направени од замрзнато млеко. Кога се вратил во Венеција, со себе го понел и рецептот за ледениот десерт.

Кога владетелката со Фиренца, Катерина де Медичи во 1533 година се омажила со војводата од Орлеанс, кој подоцна станал крал на Франција (во 1547 година), како Хенри II, за време на свадбените церемонии, кои траеле 34 дена, на масата секој ден им бил презентиран нов вид сладолед! Кратко потоа, сладоледот почнал да се шири насекаде низ светот.

Во Англија сладоледот стигнал во почетокот на 17. век. Првпат бил сервиран на богатиот банкет на англискиот крај Чарлс I, каде меѓу бројните деликатеси се нашла и оваа дотогаш непозната слатка за Британците. Кралскиот готвач подготвил ладна и слатка крема, налик на свежо паднат снег, која што веднаш им се допаднала на сите. Се зборувало дека љубоморниот крал одлучил рецептот да го задржи само за себе и оти на готвачот му платил голема сума пари за да се осигура дека ледениот десерт ќе се служи само во неговиот дворец.

Но, по некое време, кралот паднал во немилост на поданиците и трагично завршил, па ветувањето на готвачот повеќе немало смисла. Тајната за сладоледот била откриена и рецептот се проширил меѓу обичниот народ.

Првата фабрика за сладолед била отворена во Лондон, во 1870 година.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.