Како лови ајкулата, најстариот предатор на нашата планета Како лови ајкулата, најстариот предатор на нашата планета
Ајкулите ги населуваат океаните и морињата веќе 400 милиони години. Тие биле присутни на нашата планета уште пред да се појават диносаурусите. Речиси сите... Како лови ајкулата, најстариот предатор на нашата планета

Ајкулите ги населуваат океаните и морињата веќе 400 милиони години. Тие биле присутни на нашата планета уште пред да се појават диносаурусите.

Речиси сите ајкули се месојади. Обично се хранат со риба и со морски цицачи (делфини, фоки…). Забите им се истакнати и остри, а скелетот им е граден од ‘рскавица наместо коски, што им овозможува поголема флексибилност.

Ајкулите се добри ловци, а една од причините за тоа е што имаат супер сетила. Имено, две третини од нивниот мозок зазема сетилото за мирис.

Некои ајкули имаат очи слични на мачка. Слојот во очите, сличен на огледало, им овозможува подобро да гледаат и да ловат и во матна вода.

Ајкулите имаат и неколку необични сетила. На пример, можат да почувствуваат вибрации во водата користејќи ја „страничната линија“ (се протега од главата до опашот) или линијата на каналите кои се исполнети со вода и содржат рецепторни ќелии со влакна. Овие влакна се движат кога водата ќе завибрира и ја испраќаат информацијата во мозокот.

Посебно се чувствителни на вибрации што ги произведуваат животните кога се во неволја.

Преку водата што им минува низ носницата и устата, ајкулите постојано ги контролираат мирисите и вкусовите во неа. Утврдено е дека тие го чувствуваат мирисот на крвта и на гнило месо во концентрација од само еден дел на милион и повеќе делови на вода.

Најчудно е што ајкулите располагаат со некој вид на радар, со кој ги детектираат и најслабите електрични струи. Тој сетилен орган е наречен „Лоренциниев сад“. Со него можат да откријат риба скриена под песок само врз основа на електричните емисии предизвикани од фзиолошките процеси во организмот на рибата. Сусптанциите во слузокожата на устата, шкргите и кожата на рибата (посебно кога е ранета) реагираат на солената вода, произведувајќи со тоа слаби струи кои ајкулата може да ги почувствува.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.