КЛЕПСИДРА; Како се мерело времето пред откривањето на часовникот? КЛЕПСИДРА; Како се мерело времето пред откривањето на часовникот?
Кога ќе се слушне зборот – клепсидра, многумина помислуваат дека веројатно станува збор за некое старогрчко или античко божество. Но, сепак, се работи за... КЛЕПСИДРА; Како се мерело времето пред откривањето на часовникот?

Кога ќе се слушне зборот – клепсидра, многумина помислуваат дека веројатно станува збор за некое старогрчко или античко божество. Но, сепак, се работи за една стара направа за мерење на времето, користена пред да биде измислен првиот часовник. Тоа се случувало пред околу 2.500 години, а ја измислиле древните народи – Персијци.

Оваа таинствена направа функционирала врз основа на проток на вода. За таа цел се земале два сада. Еден поголем, што се полнел со вода и еден помал, со малечко дупче на дното, којшто се ставал во големиот сад. Преку отворот водата ќе почнела да навлегува во садот и во еден момен тој ќе се преполнел и ќе пропаднел. Тогаш слугата, задолжен за мерење на времето ја празнел и повторно ја враќал во садот со вода. Преку целиот ден забележувал колку пати потонала од изгревањето на сонцето.

Подоцна се создал уште еден вид клепсидра која што функционирала на принцип на истекување на водата од некој сад, при што се забележувал бројот на празнења на садот. На сличен принцип подоцна биле конструирани првите песочни часовници.

Мерењето на времето на Персијците им било многу важно за потребите во земјоделството. Знаеле кога денот е најдолг, а кога почнува да се намалува. Кај Римјаните пак, клепсидрата се употребувала за ограничување на времетраењето на јавните говори.

Примероци на клепсидри досега се пронајдени во Египет, Месопотамија и во Америка, а се користеле најмалку 500 години.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.