Кој ги вовел црвениот и жолтиот картон во фудбалот? Кој ги вовел црвениот и жолтиот картон во фудбалот?
Кенет Џорџ Астон, пред скоро половина век го смислил правилото на жолт и црвен картон во фудбалот. Во почетокот на ‘60 – ттите години... Кој ги вовел црвениот и жолтиот картон во фудбалот?

Кенет Џорџ Астон, пред скоро половина век го смислил правилото на жолт и црвен картон во фудбалот. Во почетокот на ‘60 – ттите години тој бил еден од најпризнаените англиски судии кој судел на светските првенства.

Во 1966, после мечот помеѓу Англија и Аргентина, тој дошол на идеја да се воведат црвени и жолти картони.

Мечот изобилувал со тензични моменти, пред се, заради конфликтот што постоел околу Фолкландските острови меѓу двете држави, а пресврт во натпреварот се случил во 33 – тата минута, кога Мур постигнал гол од слободен удар, со кој Англија победила со конечни 1:0.

Гостинскиот капитен, Антонио Ратин, енергично протестирал и нападнал еден од помошниците судии заради, како што оценил, нерегуларен гол. Помошникот бил од германија и не можел да се разбере со Аргентинецот, па во расправијата се уфрлил Астон, кој му објаснил на аргентинскиот капитен дека е исклучен од играта и оти мора да го напушти теренот.

После овој проблем, што се ескалирал заради разликите во јазикот, Астон сфатил дека мора да постои поедноставно решение. Одлуките на судиите мора да ги препознаат сите. Тогаш, чекајќи на семафор, му паднало на памет: жолто – внимавај, црвено – одиш надвор!

После тоа се воведени картоните. Официјално биле промовирани на Светското првенство во Мексико, 1970 година.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.