23/04/2021

КОКА КОЛА порано се правела со кокаин!?

Најпопуларниот безалкохолен пијалок на светот, Кока Кола, во својот оригинален рецепт, меѓудругото, содржел и кокаин и алкохол. Рецептот се чува и денес, а во него е наведено дека во пијалокот, покрај останатите ароматични состојки, треба да се стави и: – листови од растението кока (Erythroxylon coca) – кора од видот на ореви – „кола“ (Cola acuminata) – кора од билката „дамијан“ (Тurnera diffusa) Создавачот на Кока Кола, американскиот фармацевт, Џон Пембертон, пијалокот првобитно го направил од вино, а се користел како лек против зависности. Формулата ја сменил во 1886, кога од рецептот го исфрлил алкохолот. Кокаинот во рецептурата останал се до 1905 година.
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.