25/07/2021

Мамо, купи ми го НЕМО; Кој е симпатичниот жител на коралните гребени?

Рибата „кловн“ на акваристите и на биолозите им е позната под името Amphipirion percula, додека децата најчесто ја нарекуваат – „Немо“, според цртаниот филм во кој главен јунак е токму една ваква рипка.

Единките од овој вид може да достигнат големина до осум сантиметри, а женките се двојно покрупни од мажјаците.

Интересен податок за овие риби е фактот што секоја од нив доаѓа на свет како мажјак, а потоа го менуваат полот.

Ги населуваат коралните гребени и веќе се на листата на загрозени видови, бидејќи на работ на исчезнување се и самите гребени.

Може да достигнат старост од 10 до 18 години.

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.