Можат ли кучињата да го заразат човекот со грип и обратно? Можат ли кучињата да го заразат човекот со грип и обратно?
Оваа сезона како и секоја претходна, грипот заде замав, а луѓето се во паника бидејќи се забележани и  животни заразени со истиот вирус. Кучињата,... Можат ли кучињата да го заразат човекот со грип и обратно?

Оваа сезона како и секоја претходна, грипот заде замав, а луѓето се во паника бидејќи се забележани и  животни заразени со истиот вирус. Кучињата, исто така, многу лесно можат да се разболат. За помалку од еден месец, во САД се пријавени повеќе од 100 лица заразени од куче.

Иако никогаш досега не се случило вирусот да премине од куче на човек и обратно, тоа не значи дека не е возможно. Кучешкиот грип е сличен на некои вируси кои го инфицираат човекот и имаат идентични симптоми, вклучувајќи течење на носот, кашлица, замор и губење апетит.

Кучешкиот грип може да помине без симптоми, но и да се развие во сериозна болест која резултира со воспаление на белите дробови, а понекогаш и со смрт на животното. Меѓутоа, поголемиот дел од кучињата закрепнуваат за две до три недели.

Кучешкиот грип лесно се шири помеѓу другите кучиња во парковите и одгледувалиштата преку кашлање, кивање или допирање на контаминиран (заразен) материјал. Според податоците од Универзитетот.

Постојат два различни видови на кучешки грип: еден е вирусот H3N8, а другиот H3N2 – и двата се разликуваат од човечкиот вирус. Двата вида се одговорни за епидемијата на кучешки грип, која во 2015 година зафати 1.000 кучиња во Чикаго.

Вашиот миленик може да се зарази од вас

 

Нема докази дека луѓето може да се заразат од своите домашни миленичиња, но тоа не значи дека ризикот не постои. Според центрите за контрола и превенција од болести, вирусот на грип постојано мутира (се менува), со што би станал способен да го зарази човекот и потоа лесно да се шири меѓу луѓето. Сепак, научниците сметаат дека тоа најверојатно нема да се случи бидејќи кучињата имаат поинаков генетски код. Всушност, поголема е веројатноста дека човекот ќе пренсе грип на својот миленик отколку обратно.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.