Најопасната градина на светот; царство на смртоносните растенија Најопасната градина на светот; царство на смртоносните растенија
Во англискиот округ Нортамберленд се наоѓа една прекрасна живописна градина на чиј влез стои натпис: „Овие растенија може да убијат“! Градината се состои од... Најопасната градина на светот; царство на смртоносните растенија

Во англискиот округ Нортамберленд се наоѓа една прекрасна живописна градина на чиј влез стои натпис: „Овие растенија може да убијат“!

Градината се состои од стотина различни видови опасни растенија и смртно отровни билки, меѓу кои не смее никој да се движи без водич.

Се што е поврзано со оваа градина е неверојатно, почнувајќи од нејзиното создавање. Во 1995 година, кога починал братот на нејзиниот сопруг, Џејн Перси станала војвотка. Титулата и донесла и дворец, но прво што посакала да направи било, по желба на нејзиниот сопруг, да смисли план за уредување на градината. Така, во 1996 година, Перси го најмила пејсажниот архитект, Жак Вирц, кој овозможил нејзините идеи да се преточат во дела.

Дваесет години подоцна, оваа градина зазема површина од околу шест хектари, а секоја година ја посетуваат повеќе од 600 илјади луѓе.

Burmangsia

Омилено растение на војвотката е „ангелската труба“ или Burgmansia suaveolens, прекрасен цвет кој има отровни делови, чие дејство се манифестира врз мускулите и предизвикува парализа и гушење. Покрај неа, во градината има и стрихнин, канабис, кока и многу други.

Погледнете како изгледа оваа необична градина…

 

 

 

 

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.