НАЈСКАП  десерт на светот; „ЗЛАТИОТ ФЕНИКС“ со години  неприкосновен во елитните ресторани НАЈСКАП  десерт на светот; „ЗЛАТИОТ ФЕНИКС“ со години  неприкосновен во елитните ресторани
Кога пред неколку години група угостители од Дубаи ѝ го претставија на светот својот најскап десерт, многумина гастрономи оценија дека неговата слава ќе трае... НАЈСКАП  десерт на светот; „ЗЛАТИОТ ФЕНИКС“ со години  неприкосновен во елитните ресторани

Кога пред неколку години група угостители од Дубаи ѝ го претставија на светот својот најскап десерт, многумина гастрономи оценија дека неговата слава ќе трае кратко и оти рекордот за најскапа порција слатко задоволство ќе ја преземе друг претставник на неуморната угостителска конкуренција.

Сепак, „Златниот Феникс“ кој чини цели 1.000 долари и денес е најскапиот десерт на светот. За негова подготовка се потребни полни 48 часа работа, а предноста во однос на сите досега претставени луксузни десерти е што фениксот не содржи декоративни елементи што не се јадат. Се јаде буквално сѐ што е сервирано. Негова основна состојка е чисто прехранбено злато.

За прехранбеното злато се знаело уште од времето на древниот Египет. Тогаш се сметало за храна со која може да се освои дури и стомакот на Боговите. Златото во исхраната се користи и денес. Таквото злато има чистота од 23 и 24 карати, односно чисто злато без легури од други метали. Како додаток во храната одобрено е под кодно име – Е175.

Откако ќе се внесе во организмот, благородниот метал ќе биде во вас 24 часа. Време кое, според традиционалните медицински школи, е доволно целиот организам да ги апсорбира лековитите енергетски вибрации од жолтиот метал.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.