29/11/2021

Научници создадоа ПАРФЕМ што се голта

Ново откритие на научниците од универзитетот Харвард би можело да предизвика револуција меѓу козметичките производи. Со помош на нивните колеги од Австралија тие направија таблета која што овозможува човечката кожа да лачи уникатен мирис. Молекулите на ароматичната супстанца ќе се излачуваат преку кожата заедно со потта, па така, наместо распрскувач и шишенце, вашето тело ќе стане голем резервоар со парфем. Најважната улога ќе ја имаат природните процеси на метаболизмот на телото, па бидејќи секој организам има свој карактеристичен метаболички процеси, секој од нас би испуштал уникатен мирис. Иако овој производ се уште е во фаза на тестирање и не се знае кога би можело да се појави на пазарот, многумина сметаат дека токму тие таблети би можеле да се решението за непријатниот мирис на потта, но и голема помош на луѓето алергични на класичните парфеми.
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.