Неколку правила за подобро писмено изразување Неколку правила за подобро писмено изразување
Многумина велат дека за пишување треба да се има талент. И веројатно (делумно) се во право. Но, дури и да сте талентирани тоа не... Неколку правила за подобро писмено изразување

Многумина велат дека за пишување треба да се има талент. И веројатно (делумно) се во право. Но, дури и да сте талентирани тоа не значи дека не треба да вежбате за да станете добар раскажувач. Со други зборови, немањето талент за пишување не значи дека со веќбање и со употреба на некои основни правила нема да успеете да напишете текст пријатен за сечие уво.

За сите оние кои што веруваат дека не се посебно добри во пишувањето, еве неколку златни правила кои би можеле многу да ви помогнат.

– ВОВЕД, ОБРАБОТКА и ЗАКЛУЧОК; секој текст треба да има логички целини и редослед на случувањата. Тој мора да биде заокружена целина.

– ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПОВТОРУВАЊЕ НА ЗБОРОВИ; Читањето книги овозможува учење на поголем фонд зборови кои ќе може да ги употребите. Во скромниот вокабулар нема материјал за богат состав.

– СТРАНСКИТЕ ЗБОРОВИ И ИЗРАЗИ НЕ СЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ; пр. Вчера „гејмав“ и „стримав“ на Јутјуб.

– Речениците од неколку зборчиња не се добар начин да искажете некоја мисла.

– Ако пишувате за природа, не заборавајте ги описите и задолжително пренесете на хартијата се што сте почувствувале со сите ваши сетила.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.