Овие оси си имаат природни соларни плочи Овие оси си имаат природни соларни плочи
Ако идејата за авион на соларен погон е се уште далеку од остварлива, природата до ова решение дошла уште многу одамна. Имено, видот оси... Овие оси си имаат природни соларни плочи

Ако идејата за авион на соларен погон е се уште далеку од остварлива, природата до ова решение дошла уште многу одамна.

Имено, видот оси – vespa orientalis, на себе има вистинска фото-волтажна плоча за производство на електрична енергија.

До ова откритие дојде еден израелски тим научници, од институтот во Тел Авив, чии членови објаснија дека тајната лежи во една жолта линија на стомакот од инсектот.

Пигментот – ксантоптерин ја акумулира сончевата енергија и ја трансформира во струја, која потоа се користи за разни намени. Пред се, за пронаоѓање на храна“, се објаснува меѓудругото во студијата објавена од експертскиот тим.

Под микроскоп структурата на абдоменот на инсектот изгледа мошне сложено, а ја сочинуваат групи на шестоаголни клетки со големина од 50 нанометри (1 нанометар е илјадити дел од метарот).

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.