ПЕПЕЛАШКА не е само сказна, девојката навистина ПОСТОЕЛА!? ПЕПЕЛАШКА не е само сказна, девојката навистина ПОСТОЕЛА!?
„Пепелашка“, е приказна која на свој начин ја имаат прераскажано многу писатели. Сепак, најпозната е онаа на Французинот Шарл Перо, објавена далечната 1697 година.... ПЕПЕЛАШКА не е само сказна, девојката навистина ПОСТОЕЛА!?

„Пепелашка“, е приказна која на свој начин ја имаат прераскажано многу писатели. Сепак, најпозната е онаа на Французинот Шарл Перо, објавена далечната 1697 година. Но, таа приказна, за несреќната девојка и нејзината средба со принцот, била позната уште многу години претходно. Поточно, за неа се знаело уште пред безмалку 2.000 години!

Позната е и во грчката митологија. Девојката од приказната се викала Родопис. Била продадена како робинка во Египет. Еден ден, во градот во којшто живеела е одржувала забава. Биле поканети сите девојки, но Родопис морала да остане дома. Тоа го видел богот Хорус, кој многу се натажил и се претворил во сокол. Летнал кон неа и и ја грабнал едната сандала. Се вивнал во небото и сандалата ја испуштил право во рацете на фараонот. Тој пак, многу се изненадил кога од небо му паднала сандала в раце и наредил да се пронајде сопственичката на чевелот. Кога ја нашле и ја донесле пред него, тој се заљубил во неа и робинката Родопис му станала жена.

 

Но, она што за многумина и не е познато е дека во Египет, за време на последниот голем фараон, Амазис II, 500 година п.н.е. навистина постоела девојка Родопис која што била мошне блиска со древниот раскажувач Езоп. Се тврди дека Родопис во еден период станала една од повеќето жени на фараонот. Иако за тој период има мошне малку пишани докази за приватниот живот на фараоните, многумина истражувачи веруваат дека приказната за Пепелашка е напишана врз основа на вистинска случка.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.