Што е тоа алергија? Што е тоа алергија?
Да се биде алергичен значи да се биде исклучително чувствителен кон една или повеќе супстанции. Тоа може да бидат храна, хемикалии, лекови, па дури... Што е тоа алергија?

Да се биде алергичен значи да се биде исклучително чувствителен кон една или повеќе супстанции. Тоа може да бидат храна, хемикалии, лекови, па дури и домашна прашина или делови од крзното на некои животни.

Материите кои што предизвикуваат алергија се нарекуваат алергени. Зошто алергените се опасни за едни, а за други не се, медицината нема одговор. Се мисли дека улога во појавувањето на алергиите имаат генетските фактори, како и одредени стресни состојби.

Што се случува во организмот кога некој има алергија? Алергенот, кога ќе навлезе во организмот, ги поттикнува одбранбените механизми на телото што резултира со создавање антитела. Главни одбранбени честички на организмот. Но, кога станува збор за алергиите, антителата предизвикуваат и несакани реакции.

Во интеракција со алергените, од дел од нив, во крвотокот се ослободуваат неколку супстанци, меѓу кои и хистамин. Токму тој, делувајќи врз крвните садови, слузниците и органите за дишење предизвикува воспалителни промени на ткивата и карактеристични симптоми.

Значи, бурната реакција на одбранбените механизми на организмот се манифестираат како алергија. А, за да ни стане јасно зошто некои потполно безопасни материи, како на пример, цветниот полен, предизвикуваат толку бурна реакција од нашето тело, ќе мора да почекаме да им се разјасни најпрвин на научниците.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.