Што е тоа БЕСНИЛО? Што е тоа БЕСНИЛО?
Беснилото е една од најстарите болести кои што ги памети човештвото. За нејзе нема лек! Кога ќе се разболи човек или животно смртта е... Што е тоа БЕСНИЛО?

Беснилото е една од најстарите болести кои што ги памети човештвото. За нејзе нема лек! Кога ќе се разболи човек или животно смртта е неизбежна. Како изгледа таа опасна болест?

Станува збор за вирус што го напаѓа мозокот. Може да се разболат сите топлокрвни животни. Човекот најчесто се инфицира кога ќе го касне болно животно. Токму затоа, ако некого го касне куче, секогаш настојуваме да го најдеме животното за да го однесеме на ветеринар кој ќе каже дали можеби има беснило.

Не е секогаш лесно да се утврди дали кучето е болно бидејќи треба да поминат 4-6 недели за да се забележат првите симптоми. Во почетокот животното е мирно. Има покачена температура, не покажува желба за храна, а одбива да пие и вода. Потоа станува вознемирено. Од устата му тече плунка. ’Ржи и напаѓа. Не обидувајте се да го скротите, тоа повеќе не е вашето милениче туку ѕвер што може да ве затруе со смртоносна болест!

Штом се појават овие знаци, животното ќе умре за три или четири дена.

Кај луѓето болеста започнува слично како и кај животните. Болниот прво е смирен, а потоа му се покачува температурата и се чувствува непријатно. Наскоро почнува да чувствува силно стегање на мускулите. Ако се обиде да пие вода мускулите на устата и грлото се стегаат како згрчени. Некогаш се мислело дека нив ги предизвикува страв од водата, па затоа симптомот е наречен – хидрофобија.

Смртта од беснило обично настапува кога ќе дојде до парализа на мускулите за дишење.

Како што може да се забележи, кај оваа болест мерките за претпазливост се од најголемо значење. Местото на каснувањето мора добро да се исчисти со сапун, а серум се прима во рок од три дена по каснувањето. Делува на вирусот пред тој да успее да влезе во мозочното ткиво. Инјекциите се примаат секој ден во текот на три до четири недели.

Иако се смета дека оваа болест е одамна искоренета во нашиот регион, за да спиеме мирно, најдобро е нашите миленичиња, кучињата и мачињата, редовно да ги вакцинираме против оваа опасна болест.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.